“Зоро моја румена” – Отворете порти за убавината

А таа ја има во изобилство и во сите облици.Убавина од накитени стихови,ноти,есенски топли тонови и се разбира…женска убавина.Сето тоа го добивме во новиот видео запис на нашата пејачка Елена Велевска која вети нешто ново и поразлично од досегашните нејзини хитови.И навистина,нумерата “Зоро моја румена” ни донесе нешто поинакво во нашиот музички етер,некоја внатрешна хармонија која сите ќе ја почувствувате по нејзиното слушање.За тоа се погрижи тандемот Дејан Момироски и Борче Нечовски,а разиграните слики во целокупен производ ги склопи еден од најдобрите бугарски режисери Луси Иларионов.За таа цел беа одбрани повеќе локации во соседна Бугарија кои послужија да се дојде до посакуваната замисла,како да се пренесат емоциите кон публиката.Песната на прво слушање освојува,а топлите есенски пејсажи може само да ве потсетат дека животот е убав…со музика и женската убавина – уште поубав.Уживајте или ”насладете се”…