Да живее вечната љубов

Откако темпераментниот Јордан Митев најави дека наскоро излегува неговата нова песна “Да се живи здрави младоженците”,не стивнуваат позитивните коментари од неговите пријатели и обожаватели.А тој како и секогаш,распеан и разигран ја објави студиската снимка на новата нумера на својот ФБ профил и ни порача да се стрпиме уште малку.Песната е весела,свадбарска и како секогаш Јордан умее на свој начин да ги накити зборовите, што би се рекло да благослови.Поучени од порано,веќе ни мириса на нов хит кој ќе биде неизоставен дел од секоја семејна свадбарска веселба.Затоа што тогаш најмногу се пее за љубовта,среќата,радоста за животот…затоа што секој во себе што носи љубов и позитивна енергија треба да ја дели со другите….Да живее вечната љубов….

 

Наскоро излегува новиот наслов ДА СЕ ЖИВИ ЗДРАВИ МЛАДОЖЕНЦИТЕ

Posted by Jordan Mitev-ll Oficijalen Profil on Saturday, June 15, 2019