Вредно за спомнување

Утре се навршуваат 56 години од катастрофалниот земјотрес кој неочекувано во едно спокојно летно утро го погоди градот Скопје и однесе голем број човечки животи.По тој повод во Градскиот парк ќе се одржи концерт на кој ќе настапат Влатко Стефановски,Биља Крстиќ,Танос Ставридис и “Биг Бенд”.Како што истакнаа од Град Скопје,сето ова е во знак на хуманоста,славење на животот и да се потсетат младите генерации дека во тешките мигови треба да се подаде рака за помош,како што впрочем и нам ни подаде целиот свет во далечната 1963 година.

Два дена подоцна на 28 јули,популарниот бенд “Нокаут” ќе настапи во Битола во склоп на музичкиот хепенинг што ќе се одржи на Широк сокак.Сето тоа и други низа активности ги организира здружението “Хепар-центар” од Битола по повод Светскиот ден за борба против хепатитот.Групата “Нокаут” се познати по тоа дека се големи подржувачи на оваа кампања и со свои предходни настапи во Битола,секогаш го даваат својот придонес.

И на крајот да ве прашаме,направивте ли вие денес некое добро дело….помогнавте ли некому во невоља….подаривте ли насмевка на некое тажно лице….ако не сте до сега-има време,денот уште трае….