Валандово – музички фолк епицентар

Од вчера Валандово започна да живее и пулсира во ритамот на музичките звуци кои до крајот на месецот постојано ќе се слушаат.Сакајќи секогаш да бидат оргинални и интересни за публиката,организаторите на фестивалот за оваа година повторно со својата програма и шема ќе понудат музика за сечиј вкус.На плоштадот во центарот на Валандово вчера настапија Ѓоко Јовиќ и “Енерџи бенд”,денес “Астра бенд”,а за утре се очекува познатата фолк пејачка Сузана Ѓавазова да ја подгрее атмосферата пред официјалниот фестивалски дел.Овој најстар музички фолк фестивал во Македонија од далечната 1985 година па наваму има дадено незаборавни хитови на кои им нема број:”Ако згрешам” и “Сине мој” на Пепи Бафтировски,”Едно срце имам” – Mаријана и Росана,”Мајсторе мајсторе”– Петранка Костадинова,“Дајте ми ја” и “Бисер Балкански” – Гоце Николовски,”Лихнида” – Ефто Пупиновски,”Има ли песна” – Наум Петрески,”Како да ти речам мила” – Горан Тодоровски,”Дали чекаш стара мајчице” – Гоце Арнаудов,”Дојди Лено на перниче бело” – Драган Мијалковски…….и нема крај на сите испеани песни кои добиваат на интезитет со текот на времето,благодарејќи на новите генерации музички имиња кои сеуште ги пеат.

На 30 мај ќе се одржи ревијалната вечер која ќе ја отвори минатогодишната победничка Благица Калева и на која ќе се исполнат познати рефрени на некои од најпознатите македонски текстописци кои оставиле белег со своите впечатливи стихови.Наредната вечер пак во натпреварувачкиот дел ќе се испеат нови 20 композиции кои допрва ќе видиме како ќе бидат прифатени од публиката и слушателите.Во паузата додека се гласа ќе настапи една од нашите најпознати пејачки со прекрасен и ѕвонлив вокал,Сузана Спасовска.Се на се,овие денови Валандово има што да понуди на музички план и има причина зошто да се посети и почувствува фестивалската магија….