“Браво бенд”- името кажува се…

Музичката сестраност на „Браво бенд“ е основата поради која публиката со години наназад ги бара и може да ги види на забави во дискотеки,па се до приватни прослави,свечености… Сепак, најмногу се насочени кон она што публиката сака и бара да го слушне од нив на настапите во живо,а нивниот репертоар е широк и задоволува различни вкусови.Постојано обработуваат музика која е нова во регионот и светот,па оттука го добиваат и фитбекот со полна агенда и до една година однапред и полни дискотеки со среќни, весели, насмени и распеани лица кои повторно и повторно сакаат да ги слушнат.Тоа што исто така е особено важно и ги издвојува од другите бендови е квалитетниот звук и вложувањето во скапи инструменти,нешто што публиката и тоа како знае да го препознае и цени.

Кога пак е во прашање авторската музика, изминатиот период издадоа неколку песни кои ги потпишуваат дел од членовите на бендот и задоволни се од реакцијата за истите.Периодов за промена,подготвуваат нова песна која ќе биде авторско дело на нашиот најплоден македонски композитор Лазар Цветковски и сигурни се дека ќе биде вистинско освежување за нив самите,а изненадување за сите останати. „Браво бенд“ наредните летни и есенски месеци е во турбо работен свадбен период.Заедно ќе ја слават љубовта со многу млади кои безрезервно веруваат дека нивниот голем и важен ден во животот тие ќе им го направат музички посебен.Пофалбите и препораките од свадбените прослави неизмерно им годат,а резултатот само им потврдува дека богатиот репертор,од народно, забавно,латино… ги издвојува и вродува со обострано задоволство,нивно,а особено на оние кои им ја препуштиле довербата.