“Бендот на Браќа Нуне” – Љубовта ги врзува

Кога би можеле љубовта да ја сместиме на една фотографија,тоа сигурно би била оваа насловната со браќата Нуне,нивниот бенд и нежната Мими Јовановска.Тука имаме на едно место братска,другарска и пријателска љубов,љубов помеѓу двајца сакани,а сите ги поврзува онаа најважната во срцето – љубовта кон музиката.Научени секогаш да слушнеме по некоја музичка новост од нив,што за себе што за другите со кои соработуваат,браќата Филип и Раде Нунески веќе одамна го имаат сето наше внимание.Од минатата година успешно функционираат како “Бендот на браќа Нуне” заедно со вокалите Мими Јовановска и Драган Лазев,Даниел Маневски (клавијатури),Никола Николовски (хармоника) и Слободан Геровски (ударни инструменти).Долгите години заедничко музицирање и дружба ги направи веќе сите заедно да дишат како едно,а тоа секако се рефлектира и преку музиката што ја презентираат пред нашата јавност.Со цел да се понуди секогаш нешто ново и поразлично на публиката,”Бендот на браќа Нуне” во соработка со “Арт студио”-продукција снимија неколку сплетови од македонски народни песни и микс од македонски и странски забавни песни.Овие сплетови се секогаш актуелни најмногу на семејните веселби,на кои овој бенд е секогаш меѓу омилената опција на младенците.Среќно ПО ПАТОТ на музиката….