“Арена бенд” – време на промена,ама со шарм

Во кругот на македонската музичка арена,во која верувале или не сеуште постојат многубројни соработки и почитување,се најде и популарниот скопски “Арена бенд”.Иако се релативно кратко време на естрадата (2015 година),во него членуваат музичари со долгогодишно искуство во светот на музиката и шоу бизнисот.Но како велат,ако си со широко срце и шарм кој освојува, лесно можеш да ги стигнеш останатите и да си создадеш свој музички пат по кој ќе чекориш.Потврда за тоа се нивните многубројни ангажмани и настапи од секаков вид…што би се рекло – ги сака народот…

Во моментов “Арена бенд” претрпува мала промена во составот.Станува збор за нивниот поранешен фронтмен Сашко кој поради здравствени причини мораше да ја прекине соработката со групата.На стандардните 5 члена им се приклучи новиот вокален солист Дејан Сиљаноски,младо момче со специфичен глас кој знае да шармира со својот изглед и самодоверба во тоа што го работи.Тие веќе снимаат нов видео и аудио материјал кој за кратко време ќе имаме можност да го гледаме и слушнеме на нивниот официјален Youtube канал и на неколку телевизии ширум Балканот…

Публиката и нивните обожаватели се тука и во наредниот период ќе проследат се ново што ќе сработи бендот.Во меѓувреме уживајте во нивните музички изведби на BalkanMusicTv…