Анета Молика им “ја затвори” устата на сите

Кога би фатила златна рипка што би ме прашала:“во која пејачка сакаш да те претворам на еден ден”,мојот избор сигурно би бил Анета Мицевска (со должна почит кон останатите).Па кога ќе го пуштам гласот да се разлее како што таа самата го прави,нема кој не би останал рамнодушен.И не ми е јасно,на кого уште не му е јасно дека жената си пее бре!!!И тоа песни од сите жанрови,ама јас милувам да ја слушам кога ги пее оние најтешките….старомакедонските од калибарот на Васка Илиева,Петранка Костадинова или пак Виданка Георгиева.Поводот за овој текст произлезе од злите јазици кои искоментираа дека Анета Молика ја испеала евровизиската “Proud” на плејбек и тоа неодамна на  еден настап со групата Молика.Затоа на ФБ профилот на групата осамна домашно видео на нашата Анета каде “фино лепо” во еден здив ја отпеа споменатата песна.Многубројните обожаватели што таа ги има по целиот свет сигурно повторно уживаа во оваа нејзина изведба,а на оние другите “сеирџиите” им ја затвори устата со аргументи….Еден српски музичар и поет има речено:”За оној кој не знае да пее,најден е сигурен лек,тој треба само јавно да зева,а тоа стручно се нарекува плејбек”….

А оние што ЗНААТ ДА ПЕАТ,нема потреба на никого да му докажуваат…

И програмата на BalkanMusicTv не би била тоа што е,да не се песните и настапите на групата Молика и прекрасниот глас на Анета Мицевска….

Слушнете,уживајте во овој наш избор….