Миа Мустафа-Новата македонска ѕвезда!

Новата македонска ѕвезда се вика Миа Мустафа и има само 14 години. Ученичка е во О.У Кузман Јосифовски Питу а нејзиниот талент го наследила од татко и, познатиот рапер Мустафа.

Деновиве актуелни се нејзините видеа од настапите на Пинковите Ѕвездички, каде што сите се фасцинирани од нејзините изведби. Има огромен тален за пеење, а интересно е тоа што на секој настап бира премногу тешки песни кои што ги надополнува со различен изглед во склоп на песната со што нејзиниот сценски настап го носи до совршенство.

Здраво Миа. Како започна приказната со Пинкови Ѕвездички. Сама се пријави или татко ти имаше удел во тоа?

М.М. –Гледав пинкове ѕвездички 2 сезона,сите беа многу талентирани па си реков да се пријавам и да го покажам својот талент пред публиката.

Колку често патуваш за аудициите таму? Напорно ли е и дали тоа ти смета во завршување на училишните обврски сега пред крај на година?

М.М. –Сниманјето е еднаш во месецот но бидејќи сега почнува полуфинале можно е да патуваме почесто.

Што очекуваш од таму? Има ли шанси за финале?

М.М. –Задоволна сум што стигнав до полуфинале бидејќи и останатите натпреварувачи се исто така многу талентирани,но се надевам на најдоброто да стигнам и до супер финале а за тоа ми е потребна само вашата поддршка.

Од кога почна да се занимаваш со музика?

М.М. –Пеам уште од мојата 3та година.

Што се случи со настапот на Полско цвеќе? Зошто толку солзи?

М.М. –Полско цвеќе од Тоше Проески е една преубава песна со безброј емоции токму и поради тоа заплакав на сцена.

Каде се гледаш себе си во иднина на професионално поле? Според жири комисијата таму а и според многу твои обожаватели, тебе ти претстои светска кариера. Која е твојата желба?

М.М. –Мојата желба е дефинитивно да се занимавам со музиката таа од секогаш била дел од мојот живот дури и да не ја изберам за професија ќе остане дел од него.

 

Mia Mustafa – Valerie

Mia Mustafa – Valerie#IAMMIAMUSTAFA

Posted by Mia Mustafa on Friday, April 13, 2018