Мераклиски со Група Мераклии-негувачи на македонската музика во Швајцарија!

 

Викендов, екипата на Арт Студио Продукција беше во Швајцарија каде што се снимаа два проекти на Групата Мераклии.

Имено, на неколку познати туристички локации, се снимаше видео запис за песната Мераклиска, а исто така и неколку преработки на македонски песни на Група Мераклии.

 

   

Групата Mераклии живее и работи во Швајцарија, но сите се македонци и творат македонска музика. Групата постои од 2015 година во следен состав: Ѓорги Спасов-хармоника, иначе има завршено мастер студии по хармоника во Берн, Ане Миров-виолина, дипломиран на Факултет за музичка уметност во Скопје отсек виолина , Ѓорге Божинов-синтисајзер, средно музичко училиште во Штип и Оливер Младеновски-кларинет, саксафон и вокал, дипломиран исто така на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Со вака талентиран состав, деновиве работеа на своите на први проекти во соработка со Арт Студио Продукција.

Како е да се живее и работи таму?

Швајцарија е прекрасна земја со посебна култура и менталитет, но како и секаде во туѓина, нашата носталгија за Македонија не поминува, па така дојде идејата да се направи Група Мераклии.

Каде најчесто настапувате?

-Настапуваме најчесто во македонските ресторани, на приватни веселби во Швајцарија но и во околните земји Германија, Австрија… Веќе неколку години настапуваме на забавите кои ги организира Црквата и Организацијата на жените ОМЗ.

Има ли доволно македонски свадби?

-Македонски свадби има се повеќе но не можеме да се пофалиме со некоја голема бројка затоа што  знаејќи го нашиот народ, повеќето свадби се прават во Македонија.

Што е следно во план на Мераклии?

-Следно е тоа што спремаме албум. Веќе се снимени неколку песни и популарните преработки за кои планираме и видео записи.

Доаѓате ли често во Македонија?

-Во Македонија доаѓаме еднаш до два пати во годината.

А кај Вас македонци од естрадата и дали соработувате со нив?

-Имаме соработка со голем број уметници од македонската естрада како Благоја Грујовски, Ферус Мустафов, Андријана Алачки, Душко Георгиевски…кои настапуваат на сите големи настани во придружба на Група Мераклии.

Како ја замислувате Вашата професионална иднина, во кој правец да се движи Вашата кариера?

-Нашата професионална иднина како Група Мераклии е негување на македонската музика не само на македонски забави затоа што нашиот мелос, се повеќе се прифаќа и од страна на швајцарците кај кои во многу прилики сме настапувале.