Џељо и Ферчо – All stars in one show!

Џељо и Ферчо – All stars in one show,  е еден проект кој никого нема да остане рамнодушен. Се работи за неколку преработки кои што нашите познати инструменталисти Џељо Дестановски и Ферчо Мустафов го работат заедно со нивните пријатели т.е. големи еминентни имиња на македонската музичка сцена.

Проектот се состои од два дела, од кои првиот веќе е снимен во студиото на Арт Студио Продукција, а тоа е делот каде што Ферчо и Џељо настапуваат заедно со големи музички имиња како Анета Молика, Ѓоко Јовиќ, Спасен Сиљаноски, Кристијан Тасевски, Влатко и Златко Миладиновски, Мите Стоилков, Горан Стоилков, Александар Тасевски, Дарко Коцевски…. Во овој дел се отпеани и отсвирени само македонски песни кои што добро и се познати на македонската јавност но на кои што им е даден поинаков акцент од вообичаено.

Вториот дел чие што видео набрзо ќе се работи, е делот каде што Ферчо и Џељо настапуваат со неколку инструментални дела, исто така во друштво на познати и многу добри македонски инструменталисти како што се Ален Рамчевски, Далибор Ефтимовски, Мите Стоилков, Роберт Јосимовски, Мишел Трајковски, Филип Нуне, Илија Филиповски, Тимко Чичаковски, Александар Петревски, Благоја Ковачевски….

Во разговорот со нив, најголема благодарност упатуваат до своите колеги затоа што прифатиле да бидат дел од овој проект All stars in one show.

Целиот аудио материјал е снимен во студио Ковачевски а видеото го работи Арт Студио Продукција. Наскоро ќе можете да уживате во него на Балкан Мјузик Тв, како и на социјалните мрежи. Додека се чека крајниот резултат, уживајте во дел од атмосферата преку фотографиите.