Џељо Дестановски дел од Гранд Магазин

Најдобриот зурлаџија кај нас а и пошироко, младиот и талентиран Џељо Дестановски, веќе на голема врата чекори надвор од границите на Р. Македонија.

Имено, на 28 ми Мај, Џељо е поканет да биде гостин во големото студио на “Гранд Продукција” како специјален гостин да го покаже она што најдобро го знае. Како добар претставник на македонскиот мелос, во емисијата “Гранд Магазин”, ќе го свири добро познатото оро “Мерак зурла”.

Џељо е познат по неколку такви проекти, има заеднички проекти скоро со сите добри музичари, чест гостин е на свадбите и приватните журки, а исто така е и вработен во “Танец”.

Погледнете дел од неговите видеа: