”Трета мајка” на Биоритам

Групата “Биоритам” најавува нова песна, дует со Сузана Спасовска која всушност ќе биде најава за најновиот проект наречен “Трета мајка”.

-Ова ни е вкупно 15-то цд издание досега, но пд причина што се работи за учество на третиот пејач по ред кој пеел во бендот, затоа е наречено “Трета мајка”, велат од групата и додаваат:

– Новата дуетска песна со Сузана Спасовска очекуваме да го надмине нашиот поранешен хит “Калино моме”, да донесе свежина и да даде правец “одредница” за нашите музичари, знаејќи на кое ниво е македонската музика…

Новата песна е веќе готова и останува да се сними спотот пред да се појави на медиумите.