Стојнето ни се омажи

Ако многу машки срца за момент затреперија на оваа вест,веднаш да ги смириме…не ја даваме нашата Стојне така лесно.Ова е само една генерална проба за понатаму и воедно нејзиниот нов видео запис за песната “Спремај мајко дарови”.Зборовите за оваа нумера од албумот “Мелем за душа” ги напиша Огнен Неделковски,а музиката и аранжманот се на Филип Нуне.Песната е снимена во “ХЛ студио-Момировски”,а целата приказна низ слики ни ја пренесува “Арт студио” – продукција со кои Стојне соработува поодамна.Во спотот гостуваат и многу познати личности како глумците Гордана Ендровска и Нино Леви,музичарите Јане Рафаиловски и Нуне брадерс,а за веселата и опуштена атмосфера се погрижија ансамблот “Студио Фолклор”,Аце со “Веселата дружина” и Сале певац.И како секој спот треба да се промовира во вистинскиот момент,еве прилика во сезоната на свадби,веселби и оваа нумера да почне да се пее и да заживее,што поради зборовите,што поради свадбарскиот ритам.Сезоната на настапи и свирки е исто така во полн ек за Стојне Николова заедно со нејзиниот продуцент и менаџер Бобан Мојсовски.Вредно е да споменеме дека таа настапи за прв пат и на овогодинешниот Фолк фест Валандово каде со песната “Едно засекогаш” ја понесе наградата за најдобар дебитант.Ќе најде ли време нашата “џепна Венера” за вистинска љубов…ќе чекаме,а потоа и ние нејзе ќе и запееме:”Спремај Стојне дарови”…