Стартува музичкото шоу “7/8”

Коцките се склопени,енергијата е поврзана,љубовта е родена….во недела на 6-ти октомври во 19:30 започнува нашето големо музичко шоу “7/8”.Проектот е од музичко-забавен карактер и има за цел да ве расположи,опушти и насмее,затоа што ве очекуваат многубројни дружења со гости од целиот Балкан.Дополнителен мотив за да не следите нека ви бидат шармантната водителка Анита Даева и беспрекорниот музички оркестар под раководство на познатиот Златко Миладиноски.Тоа значи дека во новото шоу ќе се водат пријатни разговори со нашите гости и пријатели,но сепак најмногу ќе се пее затоа што со песната најлесно се доаѓа до секое срце на гледачот…

Како за почеток во првата емисија гледачите ќе имаат можност да се дружат со темпераментниот Јордан Митев,”красивата”Румјана Попова и шармантниот Димитар Димитров-Градевeц.Тоа се музички имиња кои со своите долгогодишни кариери имаат што да раскажат,пренесат,да запеат пред сите вас и тоа во живо.А за да не ви раскажуваат другите,ве каниме во недела да ни се придружите на нашето ново,несекојдневно,пријатно музичко патување…патување кое ќе ви ја донесе целата наша љубов во вашите домови,љубовта кон музиката…

И затоа,НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!!!