Полн погодок на Влатко Миладиноски

Пејачот Влатко Миладиноски го промовираше својот најнов видео запис за песната “Се ми снема” со музика и аранжман на Златко Миладиноски и текст на Борче Нечовски.Спотот е изработен во продукција на “Арт Студио”низ прекрасните пејсажи на Маврово и дел во студио.Вака комплетно спакувана,песната со своите прекрасни стихови,музичка и љубовна видео приказна со сигурност нема да ве остави рамнодушни.Својот постојан стил што го негуваше Влатко и по што беше најмногу препознатлив,реши да го освежи со малку поинакви ноти и тоа се чини испадна полн погодок.По првото слушање песната веднаш почнувате да ја потпевнувате,срцето ви затреперува и тоа е добар знак како таа ќе делува кај публиката.За Влатко Миладиновски само честитки и пофални зборови за  овој комплетен производ.Слушателите на добрата македонска песна несомнено си добија уште еден голем хит…