Нов голем проект на “BalkanMusicTv”во ритамот на “7/8”

Дека си стоиме на зборот и водиме сметка секогаш да ви понудиме нови проекти од музичко-забавен карактер,говори и најавата за новиот голем проект на BalkanMusicTv насловен како “7/8”.Сите љубители на добрата и популарна музика ќе имаат можност да уживаат во интересните и опуштени разговори со нашите гости,како и во изведбите на своите музички миленици.А нив ќе ги има буквално од целиот Балкан,во духот на нашето мото ”музика без граници”.За таа цел на сцената ќе ги придружува големиот музички оркестар составен од 12 наши музичари под раководство на познатиот композитор,аранжер и хармоникаш Златко Миладиноски. Пристапот и сериозноста на целиот оркестар кон квалитетот на звукот и мелодиите,заедно со големата сцена и сценски ефекти,доволно говори дека кон овој проект се пристапува со голема љубов и посветеност на сите.Нашите гости низ пријатни разговори ќе ни откријат некои свои мали тајни од секојдневниот и професионален живот,а можеби и од љубовниот…Емисијата е замислена да ве опушти,насмее и расположи со голем колаж на добра и разновидна музика.

На ваше и наше огромно задоволство и публиката која сеуште добро ја памети и бара,по долга 5-годишна пауза на ТВ екранот повторно ни се враќа нашата позната водителка Анита Даева.Да,токму таа која ја паметиме по својата  спонтаност,харизма и преголема позитивна енергија која секогаш се чувствуваше од другата страна на екраните.Нејзиното големо досегашно искуство и професионалност,секако дека ќе помогне емисијата да има еден одличен “водич” и “кормилар” кој успешно и со леснотија секогаш ќе не прошета низ неа.Нејзината пак поврзаност со музиката како текстописец и љубовта кон неа,ни дава за право да кажеме дека сме го направиле вистинскиот избор…точно како за 5-ка!!!

На крајот може само да ви ветиме дека целокупната одбрана водителско-музичка екипа ќе ви понуди едно ново,несекојдневно,пријатно,распеано   уживање и доживување.Затоа што,сите музички патишта водат само кон BalkanMusicTv…