Музиката не познава граници

 

Без музика не се живее….додека работиме,возиме автомобил,одмараме или се дружиме,сите сакаме да слушаме добра музика која не расположува.А Балканот отсекогаш бил непресушен извор на талентирани музичари и квалитетни песни кои со текот на времето не згаснуваат благодарение на новите генерации млади изведувачи.И медиумите имаат големо значење во сето тоа затоа што благодарение на нив може да се пренесе на гледачите и слушателите сето тоа што се создава.Со таква цел и мисла започна со работа и нашата “BalkanMusicTv” сакајќи на едно место да се слуша народна,забавна, поп и секаков друг вид музика.Тука може да уживате во целата балканска музика која со својата разновидност може секој ваш миг да го исполни со добро расположение.Добрата песна не познава граници и таа кога ќе прирасне за срце се слуша во секој дом,во секоја земја и за секоја пригода.

Секако,важно е да се слушне и вашето мислење па затоа одлучивме да ја стартуваме емисијата “BALKAN TOP 10”,која на наше огромно задоволство доби голем одзив судејќи според вашите гласови.На тој начин во иднина ќе се креира и топ листата во која ќе може секој со свои сугестии и предлози да го слушне својот омилен изведувач.Но тука не застануваме….Од сабота стартува и новата забавно колажна емисија “NO LIMIT” која ќе донесе музика за сите генерации и вкусови.И тука ќе биде важно вашето мислење со кое понатаму ќе се развива и содржината на емисијата која има безброј можности за музичко уживање.Дека се движиме во вистинскиот правец покажуваат и многубројните ваши пораки полни со зборови за подршка и желби за напредок.Засега нашата програма ја следат гледачите на територијата на  Западна Бугарија и цела Македонија преку кабелските оператори на T-Home, Neotel и 80 проценти од приватните кабелски оператори,набргу и VIP со кој преговорите се веќе во завршна фаза.Покрај балканските музички изведувачи голем простор и време ќе добијат и нашите пејачи и групи кои за жал години наназад не го добиваат целосното внимание и важност кое го заслужуваат.И сето тоа,затоа што МУЗИКАТА Е СОЗДАДЕНА ЗА ДА СЕ ЧУВСТВУВА, а ние сме создадени за да ви го пренесеме тоа чувство….

Со љубов ваш

BalkanMusicTv