“Моја свадба” премиерно на BalkanMusicTv

Со цел да се збогати и постојано да биде интересна програмата за гледачите,BalkanMusicTv од утре стартува премиерно со емитување на емисијата “Моја свадба”.Со досега 10 сезони поминати во медиумскиот етер и гости најмногу од Македонија и пошироко од Балканот,оваа емисија го заслужува вниманието и на нашите гледачи.Првичната идеја се родила за да се промовираат обичаите и традицијата која се негува во подготовките и текот на секоја свадба.Секако,тоа било отсекогаш зачинето со многу музика која и те како е многу значајна за секоја семејна веселба.Во текот на сите години се менувал и амбиентот на снимање како студио,ресторани,но и на отворено под ведро небо(летна шема).Тука гостувале многу познати музички имиња,актери,политичари,водители,се промовирале многу музички видеа и нови имиња на естрадата.Со помош на пријателите – помагачи на емисијата “Моја свадба” се доделувале награди,одмори,патувања,попусти ваучери што секако бил омилениот момент за верните гледачи.Сепак главниот акцент се секогаш свадбарските теми кои се застапени во секоја емисија и кои го даваат главниот белег и убавината на истата.

Во утрешното издание кое е на програмата во 13:30 часот ќе гостува познатата струмичка група “Легато бенд” која ќе ја запознаете поблиску низ разговорот со водителката Меги Јованова и богатиот репертоар кој ќе го разубави вашиот неделен ден.Ако ви се допадне премиерното издание на “Моја свадба” можете да ги следите и репризите секоја среда во 20:00 и петок 15:30.

Недела…ден создаден за BalkanMusicTv,”Моја свадба”,добра музика и пријатни разговори….