Со љубов од нас – “Легато бенд” со нов музички проект

Ќе речат позитивните весели струмичани од “Легато бенд” кои вчера гостуваа во секогаш распеаното “Арт студио” – продукција.Како што веќе знаете,од многуте ангажмани и настапи што во земјава што надвор од неа,сепак најдоа време на својата публика да и подарат нови музички обработки.Станува збор за повеќе сплетови од македонски народни песни осмислени според нивната динамика и мелодичност.А како шлаг на сето тоа,снимија и преработка на мегахитот “Јако,јако” од Лозано која е доста барана на нивните веселби.Самите обожаватели го диктираат темпото и видот на забава,па така кај “Легато бенд” нема што нема….народно,забавно,а за посебен амбиент и вжештување на атмосферата ги вметнуваат и народните инструменти гајда,зурла и тапан.

Во сезона на свадби и други семејни прослави,овие момци скоро и да немаат слободно време на располагање.Ќе се работи “турбо” цело лето затоа што нашите печалбари се сега овде кај своите семејства и го користат времето за сите можни прослави и веселби.А таму на крајот од летото,кога песните ќе се испеат и инструментите ќе мора да се одморат,ќе се најде ли барем малку време за да се наполнат повторно “музичките батерии”.Ќе кажат самите тие,овие жилави музичари….затоа што патот на музиката е долг и едноставно нема крај…

Овие нови преработки од популарните “Легато бенд” ќе може премиерно да ги гледате на нашата и ваша омилена BalkanMusicTv ….