Кога срцето раскажува

 

Дали може да се раскаже приказна без да се употреби ниту еден збор…секако дека може.Тоа му успеа на универзалниот музичар и инструменталист Јане Рафаиловски,маестралниот Мето Јовановски и “Арт студио” – продукција кои заедно го склопија новиот музички проект насловен како “Сеќавања”.Во овој случај сеќавањата се од преубавиот Галичник кој некогаш живееше и дишеше со полни гради и од каде потекнува и познатата традиционална “Галичка свадба”.Музиката која се раѓа дирекно од срцето и која Јане ја преточува во елегична приказна преку својот кларинет,ја напишал самиот тој,а аранжманот е на познатиот Дамир Имери.Комплетниот звук со својата гитара го надополнува и популарниот Петар Ренџов,додека приказната ја замисли и успешно ја изрежира легендата на македонскиот театар Мето Јовановски.Магичноста на Бигорскиот Манастир и на езерото Козјак се дел од  убавините со кои изобилува нашата земја и кои послужија овој видео спот да добие посебен белег.

А свој белег му даваат и учениците на Мето кои преку својата театарска игра ни ја отсликаа замислата на својот омилен ментор.Познат по сестраноста кога се во прашање музичките инструменти,очигледно дека нашиот Јане единствено со помош на кларинетот ги извлекува своите најдлабоки чувства кои потоа несебично ни ги предава нам.И не секогаш се потребни зборови за да се отсвири некоја мелодија и не секогаш се потребни години за да се создаде уникатен музички производ.Потребно е вистинското време,инспирација и многу,ама многу љубов.Тоа што допре до нас ве оставаме да допре и до вас…

И не заборавајте,ова ново видео издание на Јане Рафаиловски може премиерно да го погледнете на нашата и ваша BalkanMusicTv…