За сега и за сите поколенија – “Славчо и Иванчо”

 

Се започнало случајно…на една седенка,во добро друштво и спонтано со песна.Една по друга,на ред стигнала и славната “Славчо и Иванчо” испеана на времето од групата “Демирхисарски бисери”.Некој од присутните ја снимил добрата атмосфера и клипот завршил на социјалните мрежи.И тука всушност почнува приказната на нашите пејачи Спасен Сиљаноски и Дамјан Стојаноски.Добриот прием кај нивните пријатели и обожаватели,охрабрувањето да ја снимат песната во дует доведе и до снимање на видео запис за да се заокружи комплетно овој нивни музички проект.Песната е народна и се пее од дамнешни времиња па се до денес,но не секој ги носи вистинските емоции во себе за ваквиот тип на песни.Веќе докажани со својот репертоар,Спасен и Дамјан со полно право ни ја донесоа повторно на свет оваа тажна приказна,толку честа за тоа време кога е создадена.

Спотот е снимен во Кичевско,во делови каде природата се истурила од убавини.Освен самите пејачи внесени во улогите на Славчо и Иванчо,се појавуваат и симпатичното синче Арсениј и сопругата Ана на Спасен како и Даниел Божиноски.За беспрекорната фотографија и видео запис каков што доликува на една народна песна се погрижи и овојпат “Арт студио”-продукција.Спасен Сиљаноски и Дамјан Стојаноски за наша љубов ни подарија песна и видео приказна за нас сегашните ,но и идни поколенија…

Уживајте во нивната изведба,а спотот премиерно можете да го погледнете и на нашата и ваша BalkanMusicTv….