Добитна комбинација за незаборавни дружења

Јордан Митев и Благица Павловска заедно на австралиска турнеја….тоа е можеби една од најпосакуваните пејачки комбинации кој некој би ги посакал.И не само поради своето музичко искуство и багаж позади себе,туку и за енергијата која овие двајца наши интерпретатори ја имаат при своите изведби.Можеби затоа нивните концерти кои се во полн ек низ далечна Австралија,се толку посетени и преполни со нашите иселеници.

Турнејата започна на 27.09.19 и ќе трае се до 04.11.19 при што се опфатени градовите Wollongong,Sydney,Queanbeyan,Newcastle,Adelaide и Melbourne каде ќе се одржат дури 4 концерти,заклучно со завршниот.Организатор на концертите е австралиско-македонската асоцијација  “Никола Карев” од Мелбурн,од каде што е и оркестарот “Амадеус бенд” кој ќе ги придружува.

За атмосферата што владее на нивните настапи говорат самите слики од социјалните мрежи.За среќата што се доживува кога ќе слушнеш песна на својот мајчин јазик,говорат самите насмевки од публиката и многубројните обожаватели.За гордоста кога ќе ги слушнеш сите патриотски песни испеани од Јордан и Благица,говорат високо кренатите раце и полни срца.За тоа дека се вистински мајстори на својот занает,еве говориме ние јасно и гласно.

“Да сме живи,да сме здрави овде и секаде

чувај не Боже и милост дај ни

кај и во светот да живееме”…