Балкан Мјузик Тв и Тв Родина снимаа заеднички проект со Арт Студио Продукција во Македонија

Две телевизии од Бугарија, снимија голем заеднички проект во Скопје во студиото на Арт Продукција. Се работи за Тв Родина од Благоевград и Балкан Мјузик Тв исто така од Благоевград, која што освен во Бугарија, зрачи и на територијата на Македонија преку многу кабловски оператори.
Првиот дел од проектот се снимаше со големи и познати бугарски изведувачи и играорци кои што изведуваат повеќе македонски песни, а се придружени од познати македонски имиња. Дел од имињата кои што настапија се Никола Тодоров, Карамфил Божиков, Димана Бојнова, Ирина Паскалева, Вања Најденова, Кирил Костов, Димитар Димитров-Градевец и машката фолклорна група Огражденска четворка со раководителот Јордан Николов.
За музиката да звучи совршено беа задолжени веќе добро познатите свирачи Ферчо и Џељо со пријателите.
За овој проект следува уште еден дел кој што ќе се снима деновиве и ќе биде со македонски изведувачи.
Истиот, ќе може да го гледате на Тв Родина и Балкан Мјузик Тв за престојните Велигденски празници.
Музичката соработка на Македонија и Бугарија, не застанува тука. Следуваат уште многу нови проекти и заеднички настапи.
Во продолжение, погледнете неколку фотографии од вчерашното снимање.