Трагично заминување на легендата

Утрово околу 06:50 во страотна сообраќајна несреќа загина легендарниот пејач на народна музика Шабан Шаулиќ.Несреќата се случила на патот Билефелд-Дортмунд во северозападниот дел на Германија кога во возилото каде биле Шабан,неговиот кум Слоба Стојадиновиќ и возачот што ги носел на аеродром се удрило друго возило кое неофицијално го управувал пијан возач.За жал пејачот подоцна им подлегнал на повредите во најблиската билефелдска болница.Само неколку часа пред трагедијата тој имал настап во тамошна дискотека со својата млада колешка Теа Таировиќ поранешна учесничка од “Ѕвездите на Гранд”

.Многубројни колеги,пријатели и роднини со голема тага и неверување ја примија оваа трагична вест,а членовите на неговото потесно семејство попладнево веднаш отпатуваа во Германија.Шабан Шаулиќ е роден на 6 септември 1951 година во Шабац.Во текот на својата богата музичка кариера тој отпеа многубројни безвременски хитови поради што од страна на медиумите и публиката го доби прекарот “крал на народната музика”.Неговите песни “Дојди да остариме заедно” и “Два бели галеби” се сметаат за едни од најдобро отпеани народни песни на сите времиња.Сите што го познаваа и сакаа пејачот велат дека тој го живеел својот живот со цело срце и душа и секогаш бил насмеан дури и во најтешките свои моменти.Последен концерт Шабан Шаулиќ одржа на 06.10.2018 година во “Штарк Арена” пред околу 22 000 свои обожаватели со што ја одбележа и својата 50 годишна музичка кариера.Музичките мега ѕвезди живеат засекогаш во нашите срца и мисли преку своите напишани и испеани песни….