Тони Цетински:”Само љубов ни треба”

На неодамнешните доделувања на награди од страна на белградското радио “Naxi”, популарниот хрватски пејач Тони Цетински го доби признанието за пејач на годината.Познат по својата отвореност при своите изјави,тој и овојпат не го пропушти моментот за да си каже што му лежи на срце и душа:”Музиката нема граници.Оваа награда сакам да ја посветам на сите оние кои се од Србија,а настапуваат во Хрватска и обратно.На оние што свират квалитетна музика, кои имаат публика што ги сака и која доаѓа на нивните концерти затоа што тоа е најважно и најголем доказ за нивната работа.Би сакал и Жељко Јоксимовиќ да добие еден ден награда во Хрватска за својата работа.Но за тоа навистина да се случи ќе треба да помине многу време,можеби затоа што не сме доволно самоктритични”…Така неограничен и достапен за сите свои обожаватели во сите поранешни ју-републики,Тони Цетински ужива голема популарност за што доказ се неговите одржани концерти.Но колку што му иде добро на  работен план исто толку е баксузен на приватен и во љубовта.Сепак најстресно го доживеа сообраќајниот инцидент во 2017 година на Ровињ,кога со своето возило влета во потесна уличка притоа не воочувајќи дека на патот лежи човек,кој потоа го прегази.Каква и да биде казната за него веќе не е толку важно,затоа што траумата од тој ден ќе му остане вечно…ќе каже самиот тој.Кај нас пак,Тони стана миленик откога со Тоше Проески го снимија заедничкиот дует за песната “Лагала нас мала”,песна без која не поминува ниту една луда забава….