Повторно нови правила

Со оглед на тоа дека во шоуто “Ѕвездите на Гранд” има секогаш и македонски кандидати,факт е дека поприлично се гледа и тука кај нас.Ова музичко талент шоу е започнато уште во далечната 2004 година од страна на Саша Поповиќ и според неговите зборови последнава 13-та сезона е досега најгледана од предходните.Тоа се должи на новите правила (учесник – ментор) што се воведоа лани,ама и на моменталното жири кое рака на срце знае да прави “сцени на сцена”.Главен скандал мајстор е секако Јелена Карлеуша која според некои ја “дигна” и гледаноста на шоуто, што со изледот а што со острите и искрени критики.

Е сега,тоа што ние си знаеме за се да си оговараме велејќи дека не чини,а скришно под око да си гледаме оти пустото сме љубопитни,тоа е друга приказна.Вака или онака,за новата 14-та сезона неуморниот Саша има повторно во план нови правила,односно да ги обедини сите екс-ју републики кои имаат свои натпреварувачи во оваа шоу програма.Па така при неговата последна и шкрта изјава тој само напомена дека ќе формира едно екс-југословенско жири контра ова во студиото,но секако натпреварувачите ќе останат во центарот на вниманието.Преговорите се во тек,но секоја година има проблеми и со студиското жири…да не ја заборавиме некогашната “кавгаџика” Зорица Брунцлик,па покојниот Шабан Шаулиќ,па “лудиот” Аца Лукас.Сега Марија Шерифовиќ најавува напуштање на шоуто бидејќи сака малку да одмори од сета таа машинерија и да се оствари во улогата на мајка.Останатите не се даваат така лесно,оти кој нема што друго да прави во животот,кој си зема добар хонорар,кој си се рекламира и си тепа популарност…се на се сите си имаат некоја математика….