Не се закачај со мене, опасен сум!!!

 

По невкусната забелешка на Саша Поповиќ дека на Аца Лукас и Зорица Брунцлик им паднала популарноста откога не се во жирито на “Ѕвездите на Гранд”,стигна и бомбастичен одговор од страна на Лукас.Јас искрено не сум обожавател на неговата музика,ама затоа многу ме бендисаа зборовите со кои “му плесна” на Саша се што му лежеше на душа.Како на пример:”Си отидов од шоуто од приватни,работни,човечки и меѓучовечки причини,но најмногу поради бесмисленоста во која се претвори оваа убаво замислена приказна.Влегов таму со надеж дека со своето искуство и знаење ќе им помогнам на младите и надежни пејачи,а последните години се претворив во глумец,комичар, да не речам кловн за да може емисијата да има поголема гледаност.Не седев таму за да станам популарен бидејќи веќе бев ултрапопуларен.Мојот мотив беше искрен,хуман и секогаш бев крајно коректен и искрен,како кон талентираните така и кон неталентираните кандидати.Во еден момент сватив дека тие деца беа само потрошен материјал,а ние во жирито главни глумци околу нив.Секоја чест на поединци,ама таму има личности на кои не им е важна кариерата на тие деца,туку си бркаат свои лични интереси,а богами и финансии.Многу победници после тоа се губат и никаде ги нема затоа што нема кој да се грижи за нивната понатамошна кариера.И да,ако сум паднал со кариерата еве се пријавувам за следната сезона на “Звездите на Гранд” за да можам повторно да се вивнам нагоре.И да знаете дека Лукас си отиде поради циркусот од жири…сите сте откриени…само ги поздравувам оние што ми недостигаат – Вики, Ана и Босанец.”

На крајот ќе кажам само дека ова се лични зборови на господин Аца Лукас…а моите се дека поради успешна сезона по гледаност,директорот на Гранд продукција,другиот ни господин Саша Поповиќ, се почасти нова јахта за која се “шушка” дека го чинела само 1 милион евра (на старо – баба ја возела)…