Молитва за Оливер

 

Има ли некој кој не играл “танго” со својот сакан(а) на некоја од песните на Оливер Драгоевиќ…..нема.Има ли некој кој не ги знае неговите песни….нема.Има ли некој кој може да издвои една негова песна како најдобра…нема.Затоа што во сите песни тој ја внесуваше истата љубов и енергија која ја имаше,а имаше многу…се додека страшната болест не почна да му го “црпи” животот.

Вчера на една година од неговата смрт,неговото родно место во Вела Лука на Корчула повторно го почувствува неговиот дух меѓу сите насобрани роднини,пријатели и мештани во голем број.Затоа што сите го сакаа и тој им припаѓаше на сите подеднакво…онака скромен,едноставен,безгрижен и неоптоварен со славата.Неговата сопруга Весна ќе каже:” Tој  беше свет сам за себе,надвор од сите кланови на естрадата.Без менаџер,без кавги и без его,својата кариера ја создаваше без големи планови и калкулации,туку спонтано и без брзање.За секој нов албум секогаш чекаше да се соберат вистинските песни.Колку беше сакан и омилен,го почуствував тоа на денот на неговиот погреб кога се шокирав од масата луѓе што беше собрана во Сплит,а потоа безброј бротчиња пловеа заедно со нас до Вела Лука”.

Вчера плоштадот пред црквата Св.Јосип(во родното место) беше претесен да ги прими сите кои сакаа да присуствуваат на концертот во чест на Оливер Драгоевиќ,насловен под името “Трага во бескрајот”.Вчера сите негови колеги и пријатели,како Зорица Конџа,Џибони,Никша Братош и многу други,ги пееја неговите омилени песни,пееја во негова чест со солзи во очите,празнина во душата и трепет во срцето….”Оливер беше тука меѓу нас”!!!