Марија Шерифовиќ урива рекорди

За некои чудна и несекојневна,а за некои српска пејачка со најдобар глас кај нашите комшии.Ако сте ја слушнале како пее нејзината мајка Верица,тогаш ќе ви стане јасно од каде го наследила својот талент за пеење.Од почетокот на оваа година успева секаде да гостува и запее,позната секогаш по големата посетеност на нејзините настапи.Овие денови наголемо се зборува како во последните две децении никој не успеал да распродаде шест концерти за неполни два месеци во познатиот “Сава центар”.А тоа и појде од рака токму на Марија Шерифовиќ чиј шести концерт на барање на публиката се планира за 21 мај.Како што порачаа од тимот на пејачката интересот за нејзините концерти под името “Друга страна плоче” е досега невиден кога станува збор за оваа сала.Овој нејзин последен проект е сосема различен од сето тоа што го работеше Марија до сега бидејќи не опфаќа нејзини песни.Станува збор за големи хитови од други изведувачи кои на некои начин и го одбележаа нејзиниот живот,како што и самата таа ќе изјави во медиумите.Вредно е да напоменеме дека Марија првиот концерт во “Сава центар” го одржа на 8ми март и сиот приход од истиот го донираше за жените кои боледуваат од рак на дојка.Респект…..