Кога господ ти дава нова шанса

По тешката собраќајна несреќа кога едвај остана жив,младиот пејач Дарко Лазиќ почна полека да ги менува своите животни навики.Свесен за можноста која му се даде со “новиот живот” на своите најблиски во семејството и на своите фанови им вети дека никогаш повторно нема да ги изневери со своето однесување.Каков живот Дарко водеше предходно не ми паѓа на ум да спомнувам и раскажувам.Одамна немам видено да се дигне за некого толкава фама во Србија и пошироко,но истовремено и подршка да се бори за својот живот.И сега кога се избори,полека почна да се подготвува за убавите работи што го очекуваат.Со својата вереница Марина Гагиќ наскоро ќе станат родители и за таа цел започна да ја реновира семејната куќа во Брестач каде во моментов вели дека се чуствува најспокојно.Со дозвола од лекарите што го лечеа ќе може повторно да започне со пеење кое многу му недостасува.Свадбата со Марина ќе мора да ја одложи за следната година бидејќи сеуште не е разведен од Ана Севиќ со која ја има ќерката Лорена.Иако се разделени уште пред неколку години,долго време имаа проблем околу старателството на ќерката и луксузниот стан во кој живееја заедно.Но како вели Дарко и за тоа наскоро ќе има решение.Тркалото се врти…еднаш сме горе,еднаш сме доле.Кога повторно ќе се качиме горе,памет во глава…..