Групата “Милиграм” на милиметар од растурање

Се шушкаше со денови и сега веќе официјално се знае – се растура групата “Милиграм”.Но членовите изјавија дека ќе бидат професионални до крајот, со тоа што ќе ги одработат настапите закажани за мај и јуни.А потоа на една страна остануваат Александар Милиќ-Мили и тапанарот Мича Ковачевиќ,а на друга пејачот Ален Адемовиќ и останатите членови од бендот.Токму Ален се посочува како виновник за “пукањето на тиквата” кој веќе извесно време е незадоволен од немањето доволно работа и не така добри и успешни концерти како некогаш.А дека тој веднаш се снашол добро,говори и фотографијата на друштвените мрежи со композиторот Драган Брајовиќ-Браја и познатиот српски менаџер  Бане Обрадовиќ.Браја е заслужен за многу големи хитови и со години соработува со Жељко Самарџиќ,Александра Пријовиќ,Сека Алексиќ,Наташа Беквалац и други,додека пак Бане минатата година доби признание како менаџер на деценијата.Само за потсетување,групата Милиграм ја формира во 2004 година Александар Милиќ и беа карактеристични по своите мешано поп-фолк песни кои ги одвојуваа од другите бендови.По 15 години заедничко музичко патување тие решија дека е време секој да тргне по својот пат во потрага по нешто ново и можеби поразлично….ќе видиме.