Весна Змијанац се предомисли

Кога пред 8 години направи липосукција за прв пат,пејачката Весна Змијанац во јавноста се заколна дека поради големите болки никогаш повеќе нема да го повтори истото.Но не било така.Тие што поблиску ја познаваат пејачката велат дека се повеќе е незадоволна од својот физички изглед,иако пробала разни диети,таблети за слабеење,па дури и тренирала.Затоа е решена на есен повторно да се подвргне на хируршка интервенција која чини “само” 8 000 евра.Во консултација со лекарот добила утешни зборови дека сега методите биле посовремени,а со тоа и болките намалени што секако влијаело на нејзината одлука.Сега останува само да се “исценка” за начинот на плаќање,односно да компензира како првиот пат.Весна е спремна да се договори со докторот да ја снимаат целата интервенција и потоа таа снимка да се користи како реклама за клиниката.Како и да е….дека Весна Змијанац ќе биде повторно “секс симбол” како што беше во 80-те…нема да биде,затоа што има 62 години.Дека младоста може да се врати…не може,ама може да научиме како треба гордо да си ги носиме годините што си ги имаме,нели!!!!